Поевтинува бензинот од 98 октани

Facebook
Twitter
Email
Print


Вечерва по полноќ за 2 денари по литар ќе се намали ценатга на бензинот од 98 октани, а за 2,5 денари ќе поевтини нафтата за домаќинствата. Цените на останатите горива не се менуваат.

Според одлуката на Регулаторната комисија, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 83,5 денари, а екстра лесното маслото за домаќинство ќе се продава по 74 денари за литар.

Бензинот еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 81,5 денари за литар, а литар еуродизел ќе чини 75,5 денари. Килограм мазут и натаму ќе се продава за 39,779 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи