ВИДЕО – Политизираноста на општество и уривањето на вредносниот систем го нарушуваат менталното здравје на младите


Политизираноста на нашето општество како и уривањето на комплетниот морален и вредносен систем придонесуваат за се поголемо нарушување на менталното здравје, особено кај младите. Според психолозите вредностите како стручноста, чесноста, моралноста, професионални квалитети на една личност тотално се обезличиле и немале никакво значење.

Затоа што луѓето кои се успешни во ова општество ги немаат тие квалитети и младите деца бараат начин како да се вклопат во овој систем како би можеле да успеат. Нормално, амбициозните интелектуалци си заминуваат од државава, вредните деца кои сакаат друг систем на живеење си заминуваат од државава, овие што сакаат да останат во државава имаат друг проблем, тоа е проблемот како да се носат со луѓето кои се се‘ понеодговорни, кои имаат помали квалитети, а сакаат да бидат на повисоки позиции од нив“, истакна Јован Велески, специјалист по медицинска психологија.

 Од друга страна пак младата генерација си имала свои специфични карактеристики кои исто така доведувале до појава на депресии и други психолошки состојби.

Не сакаат многу комуникации, не сакаат брачни обврски и одговорност во релации и врски, сакаат да работат претежно од дома и сакаат да работат по тренерки и по папучи, така сакаат и да учат како децата да се под стаклено ѕвоно. Кога би излегле во средината каде има поголема динамика на движење и активности, тие се наоѓаат под стрес и не знаат како да реагираат и како да се бранат“, кажа Велески.

Граѓаните пак признаваат дека се наоѓаме во некој колективна депресија како општество, но секој со свој рецепт како да се излезе од неа.

Имаш војна, кризи, до пред малку беше короната и тешко се излегува од таа работа“, вели еден граѓанин.

 

 Од нас зависи, ако сме позитивни и натаму ќе одиме, инаку нема. Депресијата на никого не му помага“, кажа друга граѓанка.

 

 Платите се многу ниски и треба малку да се покачат.

Значи менталното здравје е тесно поврзано со материјалното?

Да“, вели еден млад прилепчанец.

 

 Јас сум со една пензија ако е до тоа, до парите, мислам дека не е толку среќата во парите. Еве ние со старата сме некаде 55 години заедно, па ништо не ни фали, имаме златни деца“, додаде еден постар граѓанин.

Според психолозите требало поширока акција на релевантни структури за излез од оваа состојба, до тогаш граѓаните ќе ги трпат негативните ефекти од општественото опкружување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи