Левица побара вонреден инспекциски надзор во Гентерм за кршење на работнички права


По анонимни дојави од неколку вработени во фабриката Гентерм, пред неколку дена ЛО Левица Прилеп испрати последно предупредување за прекин на незаконитото сменско работење со кое се предизвикува директна штета по здравјето на вработените, а воедно се кршат и нивните работнички права, се вели во соопштението на Левица Прилеп.

„До нас беше пријавено дека од страна на раководството, вработените биле условувани со наводно задолжително одење на работа во сабота, примале закани со казни, биле присилувани да одат од трета смена во петок па во сабота втора смена која траела 10 часа и слично.

Според анонимната пријава, дополнително била креирана и друга смена во недела од 01:00 часот по полноќ до 06:00 часот и било барано веднаш да се вратат во понеделник на редовна смена. Следната пријава гласеше дека наводно во фирмата се откажале од праксата работниците да одат од 3-та па 2-ра смена но саботната смена од десет часа сѐ уште ќе се работела.

Инаку фабриката Гентерм Македонија ДООЕЛ е на листата компании на кои во минатото властите им одобрија државна помош, меѓутоа сумата не беше позната. Своевремено, според решението објавено од Комисијата за заштита на конкуренцијата, оваа компанија добила „грант во готовина во висина од XXX евра за покривање на трошоците за изградба на објектот и за креирање на XXX нови работни места“.

Освен паричната помош, Гентерм ги имаше добиено и сите други даночни и царински ослободувања што им ги даваше државата на странските компании во технолошко индустриските развојни зони.

ЛО Левица Прилеп како партија на народот и работниците ги повикува сите надлежни инспекции да ги констатираат евентуалните прекршувања на законот и истите да бидат казнети“, велат во своето соопштение од Левица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи