На подрачјето на СВР Битола за првите два месеци од 2023 година од Одделението за недозволена трговија со оружје поднесени се вкупно 7 кривични пријави за сторени 7 кривични дела против 8 сторители, при што се одземени 3 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 50 парчиња муниција, 629 парчиња петарди.
Одделно по градови:
- Битола: поднесени се 4 кривични пријави за 4 кривични дела против 4 сторители, при што одземени се 2 пиштола, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 49 парчиња муниција, 37 парчиња пиротехника;
- Прилеп: поднесени се 2 кривични пријави за 2 кривични дела против 2 сторители, при што одземени се 1 пиштол и 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација,
- Ресен: поднесена е 1 кривична пријава за 1 кривично дело против 2 сторители, при што одземени се 592 парчиња пиротехника.
На подрачјето на СВР Битола поднесени се вкупно 8 барања за поведување прекршочна постапка за сторени 8 прекршоци по Закон за оружје против 8 сторители, при што одземени се 2 пиштоли, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 13 парчиња муниција, 3 парчиња ладно оружје, или по градови:
- Битола: поднесени 5 барања за прекршочни пријави, против 5 сторители, одземен 1 пиштол, 1 воздушна пушка, 1 ловна пушка, 13 парчиња муниција, 2 парчиња ладно оружје;
- Прилеп: поднесени 2 барања за прекршочни пријави, против 2 сторители, одземен 1 пиштол за светлосна и звучна сигнализација, 1 ладно оружје;
- Крушево поднесено 1 барање за прекршочна пријава, против 1 сторител, одземен 1 пиштол, 1 ладно оружје.
158