Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до еден денар за литар, а цената на бензините се зголемува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар за литар, па така ќе се продаваат за 72, односно за 71,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина дена за литар. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 83, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 85 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,652 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,391 денари.