Рускиот олимписки комитет ќе ги подржи „неутралните“ руски спортисти на ЗОИ 2018

Facebook
Twitter
Email
Print

Рускиот олимписки комитет соопшти дека ќе им даде целосна подршка на руските спортисти, кои сакаат да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг идната година под знамето на Интернационалниот олимписки комитет.

 

„Сите ние во Олимпискиот комитет сметаме дека нашите спортисти треба да патуваат во Јужна Кореа и да постигнат најдобри резултати и да освојат голем број на медали“, рекол првиот човек на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков.

 

Жуков потврди дека многу руски спортисти сакаат да учествуваат на Игрите во Пјонгчанг како „неутралци“ под олимпиското знаме. Русија ќе направи сè што е во нејзина моќ да им помогне на нејзините спортисти да учествуваат на ЗОИ и секако им дава целосна подршка.

 

Интернационалниот олимписки комитет минатата недела го суспендира Олимпискиот комитет на Русија од Олимпијадата во Пјонгчанг. Русите се суспендирани поради доказите за систематскиот допинг на Игрите во Сочи во 2014 година.

 

Сепак, на руските спортисти им е дозволено да учествуваат на Зимската олимпијада, но како неутрални натпреварувачи под името „Олимпијци од Русија“, но тие не смеат да ги користат државното знаме и химна.

 

И рускиот претседател Владимир Путин потврди дека неговата влада ќе им дозволи на спортистите, како неутрални, да настапат во Пјонгчанг.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи