Во Крушево на 19, 20 и 21 мај ќе се случува вистински спектакл со гости од повеќе Балкански држави. По 4-ти пат ќе се одржи најпознатиот настан во регионов „ Macedonian 4×4 Trophy“. Еве како изгледаше тоа минатите години.
Macedonia 4×4 Trophy е трка, коjа се одвива во три такмичарски класи Challenge, Adventure и UTV исто така и Турист. Во трката ке се мери вкупно освоено време (total time) од сите нагласени етапи.
Класи и задолжителна опрема:
– Challenge Класа:
Задолжителна опрема: Кацига (возач и совозач), Rollbar, Сигурносен каиш ( прицврстен на четири точки ), Предно витло, Каиш за витло, 2 ПП апарати од 1кг или 1 од над 2кг, Трип метар (мерач на метри), MudTerrain (МТ) гуми.
– Adventure Класа:
Задолжителна опрема: Кацига (возач и совозач), Rollbar, Сигурносен каиш ( прицврстен на три или повеке точки ), Предно витло, Каиш за витло, 2 ПП апарати од 1кг или 1 од над 2кг, Трип метар (мерач на метри), MudTerrain (МТ) гуми до 35″
– UTV Класа:
Задолжителна опрема: Кацига (возач и совозач), Rollbar, Сигурносен каиш, Предно витло, Каиш за витло, 2 ПП апарати од 1кг или 1 од над 2кг, Трип метар (мерач на метри), MudTerrain (МТ) гуми.
Турист класа – нема задолжителна опрема.
Натпреварот ќе се одвива во следните фази:
• 19/05 2023: Пролог за стартна позициjа околу 6km оффроад пат по патна книга
• 19/05 2023: Ноќната етапа ќе се вози околу 20km оффроад пат по патна книга; со 3 до 4 тешко минливи специјални испити.
• 20/05 2023: Ќе се вози околу 50km оффроад пат по патна книга; со 6 до 7 тешко минливи специјални испити.
• 21/05 2023: Ќе се вози околу 15км по патна книга и Затворена (кружна) стаза за Финале.