На 19.04.2023 на ул„Илка Присаѓанка“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К.(21) од Скопје и П.П.(20) од Прилеп.
При преглед во патничко возило „матиз“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал П.П., а сопатник бил А.К., била пронајдена и одземена марихуана.
Тие била задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.