Наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ дел од меѓународниот проект „Волшебна интеркултурна мрежа на пријателства“


Поттикнати од желбата да се стави акцент на позитивниот модел на однесување во училиштето и домот наспроти големиот број негативни модели на однесување во општеството секојдневно наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп зедоа активно учество во меѓународениот проект „Волшебна интеркултурна мрежа на пријателства“. Координатор и основач на проектот е Жељана Радојчиќ Лукиќ- финалист на Global teacher prize 2018  и  Global teacher award2019.

„Наставничките Каролина Тренеска, Наташа Аризанкоска , Светлана Велкоска , Елена Трајкоска и Пеша Крстеска заедно со своите ученици рамо до рамо со учесници од Хрватска, Романија, Србија , Црна Гора и Босна и Херцеговина во текот на 9 седмици реализираа 9 различни активности кои се насочени кон поттикнување на позитивните вредности на луѓето кои се особено важни оссобено кај помалите генерации. Љубопитност,одлучност,креативност, упорност,  доверба  се само мал дел од човечките вредности кои беа во фокусот на овој проект. Проектот беше многу интересен зошто дава слобода да се прошират видиците надвор од редовната настава како и преку интересни активности да се поттикне развој на позитивни човечки вредности кои се подеднакво важен дел од воспитно образовниот процес“, велат од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи