ВИДЕО – Николоски: Нови вработувања во ОВР Прилеп строго по партиски клуч, а во Прилеп царува криминалот


Дозволете најпрво да упатиме искрени честитки по повод 7 Мај-Денот на македонската полиција. На сите припадници им посакуваме успеси на професионален план. Она што се поставува како прашање во нашиот град, е дали граѓаните ја имаат изгубено довербата во полицијата поради нестручни кадри кои се поставени  на раководни  позиции во ОВР Прилеп? Дали лошата безбедносна состојба во нашиот град се должи директно на нивната непрофесионалност и неспособност за менаџирање со полицискиот кадар?, запраша на денешната прес конференција Игор Николоски, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Почитувани,
Дозволете најпрво да упатиме искрени честитки по повод 7 Мај-Денот на македонската полиција. На сите припадници им посакуваме успеси на професионален план.
Она што се поставува како прашање во нашиот град, е дали граѓаните ја имаат изгубено довербата во полицијата поради нестручни кадри кои се поставени на раководни позиции во ОВР Прилеп? Дали лошата безбедносна состојба во нашиот град се должи директно на нивната непрофесионалност и неспособност за менаџирање со полицискиот кадар?
Последните 6 години откако СДСМ ја предводи централната власт, а на чело на МВР е Оливер Спасоски, единствен критериум за вработување на нов полициски кадар е членската книшка на СДСМ?! Најдобар доказ за тоа е последниот бран нови вработувања во ОВР Прилеп и новите лица кои потпишаа договори за отпочнување со обука како кандидати за полициски службеници. Командирот нека излезе во јавност да одговори дали можеби лице од неговото семејство се има најдено на овој список за нови вработувања?
Прилепчани се сведоци на секојдневната нелегална сеча и aтранспорт на дрва која се случува благодарение на неажурноста на полицијата.
Да не зборуваме за огромниот број случаи на запалени автомобили на пратеници, директори на јавни претпријатија и други видно истакнати прилепчани, кои до ден денешен остануваат како нерасчистени. Неколку месечната „опсада“ на нашиот град од страна на раководни кадри од Скопје, најдобро сведочи за хаосот во Прилеп.
Прашуваме дали е покрената дисциплинска постапка од внатрешна контрола против командирот на ПС Прилеп за несовесно работење во службата? Дали ваква постапка, дали лошата статистика за работата на полицијата, или пак приватните бизниси, се причина командирот да не се појавува на седниците на совет на Општина Прилеп?
И наместо со професионално работење, високи полициски службеници во време на СДСМ купуваат ексклузивни имоти, поседуваат ресторани и бркаат некакви приватни бизниси, а сето тоа на штета на безбедноста на прилепчани.
После промената и преземањето на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ваквите кадри ќе бидат заменети со професионалци кои со своето знаење, мотивираност и стручност ќе го вратат сјајот на ОВР Прилеп. Само на таков начин граѓаните ќе ја вратат довербата повторно во полицијата и ќе се чувствуваат безбедно во нашиот град.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Недела, 07 мај 2023

„Последните 6 години откако СДСМ ја предводи централната власт, а на чело на МВР е Оливер Спасоски, единствен критериум за вработување на нов полициски кадар е членската книшка на СДСМ?! Најдобар доказ за тоа е последниот бран нови вработувања во ОВР Прилеп и новите лица кои потпишаа договори за отпочнување со обука како кандидати за полициски службеници. Командирот нека излезе во јавност да одговори дали можеби лице од неговото семејство се има најдено на овој список за нови вработувања?

Прилепчани се сведоци на секојдневната нелегална сеча и транспорт на дрва која се случува благодарение на неажурноста на полицијата. Да не зборуваме за огромниот број случаи на запалени автомобили на пратеници, директори на јавни претпријатија и други видно истакнати прилепчани, кои до ден денешен остануваат како нерасчистени.

Неколку месечната „опсада“ на нашиот град од страна на раководни кадри од Скопје, најдобро сведочи за хаосот во Прилеп. Прашуваме дали е покрената дисциплинска постапка од внатрешна контрола против командирот на ПС Прилеп за несовесно работење во службата? Дали ваква постапка, дали лошата статистика за работата на полицијата, или пак приватните бизниси, се причина командирот да не се појавува на седниците на совет на Општина Прилеп?

И наместо со професионално работење, високи полициски службеници во време на СДСМ купуваат ексклузивни имоти, поседуваат ресторани и бркаат некакви приватни бизниси, а сето тоа на штета на безбедноста на прилепчани.

После проментата и преземањето на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ваквите кадри ќе бидат заменети со професионалци кои со своето знаење, мотивираност и стручност ќе го вратат сјајот на ОВР Прилеп. Само на таков начин граѓаните ќе ја вратат довербата повторно во полицијата и ќе се чувствуваат безбедно во нашиот град“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи