4 медали за ЏК Сеишин на Меѓународниот турнир „Тирана Опен“ – 2023


На ден 07.05.2023 во Тирана Албанија се одржа 1 Меѓународен Турнир во Џудо „Тирана Опен“ – 2023. На овој турнир учество зедоа околу 360 џудисти од клубови од 8 држави: Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Грција.

Џудо клубот Сеишин-Прилеп зеде учество со 7 џудисти, а освоени 4 медали ( 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен).

Резултати поединечно:

Пионерки:

  1. Тамара Илиоска 1 во место

2.Теодора Илиоска 1во место

Кадетки:

  1. Елеонора Илиоска 2 ро место

Кадети:

  1. Никола Магдески 3 то место

„Одлични борби прикажаа и кадетите Теа и Теона Настоски како и Борис Џагадуроски кои не успеаја да изборат место на пиедесталот!!! Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Киро Здравески. Клубот СЕИШИН-Прилеп наредниот викенд ќе земе учество на Меѓународниот Турнир “Скопје Опен -2023” во Скопје на кој се очекува учество на голем број странски клубови“, велат од ЏК Сеишин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи