Арпад Штербик е најдобар ракометар во светот за 2017!

Facebook
Twitter
Email
Print

Oгромно признание за голманот на македонскиот и европски шампион Вардар, Арпад Штербик. Триесет и осумгодишниот Арпад Штербик денес од реномираниот „Handbal-Planet.com“ беше прогласен за најдобар голман за 2017 година.

 

Фантастичниот голман на „црвено-црните“ добил најмногу гласови од 30-те члена на интернационалното жири составено од новинари и посетители на веб-сајтот. Со неговите фантастични одбрани, Штербик беше еден од лидерите на Вардар во минатата триумфална сезона, во која тие го направија најголемиот успех во клупскиот спорт во Македонија и ја освоила титулата од Лигата на шампионите во Келн. Дури 110.000 ракометни фанови го дадоа својот глас.

 

 

Малку недостасуваше и уште еден ракометар на Вардар да се најде во идеалниот тим. Никола Карабатиќ доби само 11 гласови повеќе од Лука Циндриќ.

 

Покрај Штербик кој собра вкупно 89 бода, во идеалниот тим влегоа Уве Генсхајмер од ПСЖ со 82 бода, Микел Хансен од ПСЖ со 71 бод, Никола Карабатиќ од ПСЖ со 73 года, Недим Ремили 53 (ПСЖ), Виктор Томас 35 (Барселона), Бјарте Мирол 44 (Скјерн).

 

Тим на годината:
Лево крило: Уве Генсхејмер (ПСЖ)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Плејмејкер: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Голман: Апад Штербик (Вардар)
Дефанзивец: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи