ВИДЕО – На 3 и 4 јуни по втор пат „SAMOKOV XTREME“, најавени над 500 учесници


На 3 и 4 јуни во Самоков и Белица, Општина Македонски брод, по втор пат ќе се одржи аутдор фестивалот „САМОКОВ ЕСТРИМ“. На овој настан на кој што ќе има возење со теренски возила, мотокрос, возење со АТВ возила, МТБ велосипеди, како и планинарски тури најавени се над 500 учесници од Македонија и странство. Главната цел на проектот е развојот на туризмот во Поречкиот регион и поставување на Македонија на мапата на атрактивни дестинации за алтернативен туризам.

„ Во целата организација на фестивалот е вклучено месното население. На сите учесници и посетители на самиот фестивал ќе им бидат понудени сите локални производи од Поречието, тргнивајќи од питулици, месени работи, планински мед, чај, печурки и други автентични производи од Поречието. Општина Македонски Брод покрај што располага со доста ресурси за развој на руралниот туризам, исто така имаме можност и капацитет за реализација на хербален туризам, а доста значаен сегмент за целокупната промоција на Поречието е адреналинскиот туризам“, изјави Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

Oрганизација e на Општина Македонски брод, Форум за Авангардна Креативност, Вело Че и САМОКОВ ЕСТРЕМ. Едни од најатрактивните тури се секако оние од планинскиот велосипедизам.

„Годинава ќе ги имаме пак истите тури како лани што беа, три тури, „EPIC“ од Белица, Самоков, Брест, па до Фојник и преку Требовље назад до Чифлиг, Белица. Втората „GREEN“ тура оди од Чифлиг во Белица, Лаг, Девич, Локвица, Црешнево, Становци и слегува од Горна Белица до ресторанот Чифлиг во Долна Белица. И уште една „GREEN light“ тура за помалку спремните ќе оди на потегот Лаг, Девич, Слатински извори, пештерата Пешна и по истиот пат назад“, истакна Даниел Гарбески, претседател на здружение „Вело ЧЕ“.

Целта на овие настани е полека Македонски Брод и Поречието да станат адреналински центар на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи