Обнова и оспособување на дел од објектите на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, хортикултурно уредува и осветлување на дворот


Во изминативе 30-тина денови беа направени повеќе реконструктивни зафати во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ за подобрување на условите за работа како на учениците така и на наставниот кадар, истакна за Инфо Компас, в.д. директорката Христина Бозоска Николоски.

Со наши средства и голема помош на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески направивме целосно оспособување на старата спортска сала, хортикултурно уредување на дел од дворот и поставување на патеки со бекатон плочки. Се постави комплетно ново осветлување на училишната ограда, а се изврши и санација на дел од старите објекти во училиштето“, потенцираше в.д. директорката Христина Бозоска Николоски.

Од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ посочија дека во план биле за краток период да се започне со целосно реновирање на наставничката канцеларија, оспособување на кабинет за дефектологот во училиштето, поставување бекатон плочки во училишниот двор, а училиштето да добие и медиотека.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира