Битиќи и Петровска во ненајавена посета на Еурокомпозит, дали ќе се продава на турски инвеститор?


Денеска во ненајавена посета на поранешната фабрика за воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп беа заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со наводен турски инвеститор кој сакал да ја купи фабриката.

Неофицијално Инфо Компас дознава дека инвеститорот бил заинтересиран да донесе современа технологија, да вработи околу 300 луѓе и да продолжи со производство на воена опрема, особено со производство на шлемови и панцири.

Во делегацијата која денеска изврши обиколка на фабриката била и стечајната управничка, Љубица Зајкоска, како и претставникот на државниот капитал на Еурокомпозит, Александар Талимџиоски.

Неофицијално ова е втор инвеститор од Турција кој во последниот период е заинтересиран за оваа прилепска фабрика, но засега сите преговори се држат во тајност.

Еурокомпозит во моментов е во стечај. На првото рочиште во Основен  суд Прилеп беа прифатени сите побарувања на доверителите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи