За прв пат поставката на Тоше ќе се презентира од надвор од неговата Спомен куќа, утре во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Утре со почеток во 13 часот, во спортската сала на основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп ќе се одржи музичко – сценски настан со наслов „Тоше – За овој свет“.  На настанот ќе бидат изложени и промовирани предмети од музејската поставка од Спомен куќата на тоше кои се поврзани со значајни настани кои оваа година имаат свој јубулеј. Ќе биде изложена репликата од облеката за евровизискиот настап во Истанбул, белата гитара „Fender jazz bass“, џинс облеката од неговиот последен настап на емисијата „Вртелешка“ и бројни фотографии на канвас.

Аудио и видео презентацијата ќе ја реализира кустосот во националната установа Спомен куќа на „Тодор Проески“ – Надица Николовска.

Ученичките Марија Алинчанец, Исидора Мирческа, Тамара и Сара Блажески под менторство на професор Стевче Колески, ќе испеат дел од безвремените хитови на Тоше.

Со овој настан Спомен куќата на Тодор Проески ќе започне една поголема кампања низ училиштата во цела Македонија за промоција на неговиот лик и дело.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми