На 6ти јуни (вторник) од 10 до 13 часот во СОУ Орде Чопела – Прилеп ќе се одржи средба „Енергетско ефикасни практики во земјоделието“ во рамки на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени“.
Целта на овој настан е вмрежување на членките на Македонската Асоцијација за Сончева Енергија – Солар Македонија, членките на ЛАГ Агро Лидер и заинтересираните од регионот.
Одлична можност за запознавање со компаниите кои работат во:
- производство, монтажа и сервисирање на соларни системи
- монтирање фотонапонски системи
- производители на соларни сушари
- трговци
- монтажери на соларни системи
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани за остварување средба со претставници од Соларен сектор да се информираат за можностите за соларни и фотонапонски системи.