Имам една порака и до претставниците на меѓународната заедница, до луѓето во Брисел, до бирократите, се договаравте и преговаравте со луѓе кои што немаат никаков политички кредибилитет и авторитет да направат нешто за народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашната трибина во Прилеп.
„Се договаравте и преговаравте со луѓе позади кои што стојат основани сомневања за сторен криминал или да скратам се договаравте со потенцијални затвореници и ќе се срамите еден ден кога ќе излегуваат вашите слики на медиумите во вашите држави како се гушкате и како се прегрнувате со овие луѓе.
Тие криминалци не можат ништо да одработат, тие знаат да одработат само за сопствените џебови и за својот интерес. И затоа тоа што сте го договарале и преговарале тие не можат да ви го испорачаат.
Затоа мојот предлог е до вас, бидејќи само вас ве слушаат, тие не го слушат народот бидејќи вие ги бирате, не народот, затоа кажете им, охрабрете ги и излезете на избори, народот нека одлучи, а потоа сме подготвени да седнеме и да разговараме за достоинство. Да разговараме за нови околности и фер шанса за овие луѓе, исто тоа што го имаа и другите народи во Европа. Вака по диктат нема да прифатиме и нема да има уставни измени“, кажа Мицкоски.