Сугарески: За 20 месеци ВМРО-ДПМНЕ има реализирано нула проекти во Прилеп, неспоредливо е владеењето порано и сега

Во денешно време, патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата, за општината, за средината во која сме растеле и сме се граделе како личности. Притоа, со право, со посебен аршин се вага она што зад себе го оставиле најповиканите за тоа, оние чија визија и посветеност кон работата во голема мера ја одредува иднината на граѓаните – политичарите, вели во својот демант на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски од редовите на СДСМ, Горан Сугарески.

Демантот го пренесуваме интегрално:

„Како некој кој бил дел од извршната власт во време кога и локалната власт во Прилеп била во рацете на СДСМ, ќе потсетам на дел од проектите кои со државни и општински пари беа реализирани на територијата на општина Прилеп: 

  • Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“, вредност: 4.000.000 евра;
  • Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“, вредност: 1.100.000 евра;
  • Реконструкција на стариот регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, вредност: 1.000.000 евра;
  • Изградба на спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското вештачко езеро, вредност: 850.000 евра, кој пропаѓа заради негрижата на локалните власти;
  • Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро, вредност: 680.000 евра
  • Изградба на патот Волково – Прилепец – манастир „Св.Никола“, вредност 500.000 евра.

 

Во периодот од 2017 до крајот на 2021 година, целосно беа завршени, или пак започна реализацијата и на следните капитални инвестиции и проекти, кои се од витално значење за граѓаните и стопанските субјекти од Општина Прилеп:  

 

  • Реконструиран храмот на фудбалот, Градскиот стадион „Гоце Делчев“;
  • Изграден ИКТ Центар кај касарната „Мирче Ацев“;
  • Изградена спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“;
  • Реконструиран булеварот „Гоце Делчев“;
  • Од темел реконструирани Гимназијата „Мирче Ацев“ и медицинското училиште „Ѓорче Петров“;
  • Значајни инвестиции во, без исклучок, сите основни и средни училишта;
  • Целосна реконструирани 19 км од патот Прилеп-Фариш;
  • Рехабилитиран патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште во должина од 16 км;
  • Во болницата „Борка Талески“ ставен во функција апарат за магнетна резонанца;
  • Комплетна реконструкција на Полициската станица од Општа надлежност – Прилеп;
  • „Самоилова“ и „Војводинска“, најважните сообраќајни артерии во населбата „Точила“ во должина од 2.100 метра, прв пат после нивната изградба добија нов асфалт;
  • Рехабилитирани клучните улици во УЗ „Гоце Делчев“ „Петта Прилепска бригада“ и „Октомвриска“ во должина од 2.000 метра;
  • Нов лик имаат и двата кеја „1 Мај“ и „9 Септември“;
  • Изградени и реконструирани беа и „Целе Мавроски“ и „Мице Козар“, како и голем број улици во населбите Марино Маало, Тризла, Тризла 2, Вишне, Центар, Варош, Бончејца, Рид, Корзо;
  • Реконструирана водоводна и канализациона мрежа во должина од 25, односно 5,5 км;
  • Нова детска градинка во населбата Точила која актуелната локална власт нема капацитет конечно да ја доизгради и да ја стави во употреба, комплетно реновирани сите постечки објекти на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“;
  • Асфалтирани патишта и улици, изградени водоводни и канализациони мрежи во населените места;
  • Изградба на експресниот пат Прилеп-Градско, односно делниците Фариш-Дреново и Дреново-Градско.

 

Ова се конкретни показатели за реализирани проекти, километри изградени и рехабилитирани улици и патишта, водоводни и канализациски мрежи, новоизградени и реконструирани објекти, за време на моето извршување на функцијата министер во Министерството за транспорт и врски, како и на 48-месечниот мандат на претходната локална власт предводена од Илија Јованоски и СДСМ.

Деновиве се навршуваат 20 месеци, или точно 1/3 од мандатот на актуелната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го предвид фактот дека во тој период имаат реализирано НУЛА проекти и НУЛА проценти од изборните ветувања, споредбата помеѓу тоа што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го правеле и го прават за граѓаните на општина Прилеп, повлекувањето знак на равенство помеѓу едните и другите – ја губи секоја смисла!“, вели Сугарески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи