Во Крушево викендов се одржа Балканско првенство во џудо за кадети и кадетки. Учествуваа над 400 натпреварувачи од 12 држави. Првенството помина во најдобар ред, а Џудо федерацијата на Македонија уште еднаш докажа дека е подготвена да организира натпревари од највисок ранг.
Македоската репрезентација освои два бронзени медали, во женска конкуренција!
Во екипна конкуренција златото го освои репрезентацијата на БиХ, со сребро се закитија репрезентативците на Романија, а бронзата им припадна на Турција и Грција.
Погледнете како изгледаше атмосферата во Крушево во изминативе 3 дена.