Утре ќе се одржи 80та Критична маса која ќе се вози под мотото „УТРЕ МОЖЕШ ДА БИДЕШ И ТИ!“
„Безбедноста на градските улици е надвор од контрола. Секој ден имаме нови и нови случувања. Млади и неискусни, под дејство на алкохол и опојни дроги, без соодветни помагала за гледање, секој што помислил седнал во автомобил и вози. Крајно време е МВР да ја превземи и врати контролата и безбедноста низ нашите улици, а Општина Прилеп да ја направи соодветната инфраструктура за сите ние да се чувствуваме безбедни.
Пред само дваесетина денови се случи немил настан на кој беше убиена наша 42годишна другарка #НаТочак, направивме мирен протест кој се одржа пред камената бина, присутни беа дел од вело-здруженија и засегнати граѓани кои го изразија својот револт кон немањето на услови за одвивање на нормален и безбеден сообраќај низ градот. Испратен беше апел до надлежните институции ( Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Општина Прилеп ) за итно решавање на овај проблем.
Оваа среда правиме уште еден мирен протест собираме потписи за да испратиме и петиција до Општина Прилеп и МВР. Секој заинтересиран е добредојден во поддршката на оваа акција“, велат од ПрилепНаТочак.
Критична маса започнува во 19 часот на плоштадот Александрија, кај камената бина.