Почитувани Прилепчани и пошироката јавност, сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на „ПИВО ФЕСТ Прилеп 2023“ се одлага за следната 2024 година со нова локација, концепт и содржина на програмата, стои соопштението од единствениот пријавен организатор за овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото ПИВО ФЕСТ 2023, Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара „Пиво Фест“ од 2003 Прилеп.
Образложението на организаторот е следно:
„На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука дека „ПИВО ФЕСТ 2023“ нема да се поддржи и одржи. Додека пак Советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06.2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на „ПИВО ФЕСТ 2023“. (Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се поддржи и одржи фестивалот??). За жал оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е ПРЕДОЦНА донесена. Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11.2022 и во април 2023 до Општината за организација и локација на „ПИВО ФЕСТ 2023“ се уште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини „ПИВО ФЕСТ 2023“ е спречен да се одржи. Се извинуваме до прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на „ПИВО ФЕСТ 2024“. ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ“, стои во соопштението на Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара „Пиво Фест“ од 2003 Прилеп.