ВИДЕО – Советот не го прифати извештајот на ПС Прилеп, од МВР велат безбедносната состојба во Прилеп е подобрена


Советот на Општина Прилеп не го прифати извештајот на ПС Прилеп за безбедносната ситуација во градот за време 2022 година. Од таму велат дека не го прифаќаат извештајот бидејќи тој содржел само статистички податоци, за кои тие се сомневаат дека се лажни. Оваа одлука за 2022 година се носела толку доцна затоа што командирот на ПС Прилеп не присустувал на седниците кога на дневен ред ќе се поставела таа точка.

Во тоа прво полугодие од 2022 година имаше сериозни нереди и нарушување на безбедноста во сообраќајот, нарушување на јавниот ред и мир, одреден број на запалени возила на високи функционери и во парламентот и локални функционери. Имаше голем број на масовни тепачки и на тоа следеше таа акција која ја презеде МВР, односно привремена управа овде во полициската станица и носење на специјални единици кои имаа за задача да го вратат редот и мирот онака како што треба да биде“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Според Претседателот на Совет на Општина Прилеп иако командирот на ПС Прилеп бил присутен на седницата тој само немо ја проследил и не одговорил на ниту едно прашање од советниците за безбедносната ситуација во Прилеп и што е преземено по сите тие сторени кривични дела.

„Има учесници од полициската станица во меѓусебна тепачка дури се на должност, не добивме одговор и за тоа. Дека полициски службеници биле инволвирани во транспорт на мигранти и биле фатени во полициска акција во соседна Република Грција. Што се случува и кои се санкциите и дали воопшто има санкции со фамозната ХХХ група кој функционираше во предизборието, односно во 2021 година, верувајте не добивме одговор на ниту едно од овие поставени прашања од советниците“, додаде Проданоски.

Од СВР Битола на целата оваа ситуација истакнаа дека ПС Прилеп во 2022 година ги имала преземено сите потребни мерки за стабилна безбедносна состојба и токму поради била зголемена ефикасноста на расчистувањето на кривичните дела за 4% во однос на 2021-ва, а во областа на јавниот ред и мир, имало намалување на вкупниот број прекршоци за 9%. Во областа пак на сообраќајот, во текот на 2022 имало намалување на бројот сообраќајни незгоди за 3,5 %, а значително намалување имало и во бројот на сообраќајни несреќи со потешки последици, и тоа намалување на сообраќајните незгоди со загинати лица за 25%, а со тешки телесни повреди за 45% во однос на 2021 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи