МОК со силна поддршка за развојот на џудото

Facebook
Twitter
Email
Print


По повод одржувањето на Европскиот Јуниорски Џудо Куп, кој од 12-14 август ќе се одржи во Олимпискиот центар „Јане Сандански“, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски оствари работна средба со претседателот на Европската Џудо Унија (ЕЏУ), Ласло Тот придружуван од потпретседателот на ЕЏУ, Хрвоје Линди, претседателот на Џудо федерацијата на Северна Македонија (ЏФСМ), Владо Трпановски, потпретседателот Горан Антевски и Генералниот секретар Миодраг Стојановиќ. На оваа средба беа договорени заеднички проекти за развој на џудото како што се Џудо во училиштата и Џудо за сите.

Во насока на унапредување на џудото беше понуден и Олимпискиот солидарен фонд кој е под искучива надлежност на МОК како единствена Олимписка и спортска организација на нашата држава која има целосна и ексклузивна надлежност врз овој фонд.

Исто така, беше договорена и дополнителна обука на тренерскиот кадар и спортската администрација во рамките на ЏФСМ, но и на џудо клубовите-членки на ЏФСМ како и заедничка организација на идни Европски првенства, во периодот 2025-2028 од страна на ЕЏУ, МОК и ЏФСМ.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи