Продлабочување на соработката меѓу МВР и Џудо федерацијата на Македонија


Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, оствари средба со делегација на Европската џудо федерација, претставувана од претседателот и потпретседателот, д-р Ласло Тот и Хрвоје Линди. На средбата беа присутни и претставници на Џудо федерацијата на Северна Македонија.

Тот и Линди го информираа министерот Спасовски за динамиката со која се спроведуваат подготовките за претстојното Европско првенство што од 12 до 14 август ќе се одржи во нашата земја. Манифестацијата која за прв пат се одржува кај нас ќе опфати 400 натпреварувачи и 120 гости.

Тие изразија голема благодарност што Министерството за внатрешни работи ќе направи се што е потребно за натпреварите да поминат беспрекорно.

На крајот од средбата министерот Спасовски и Тот истакнаа подготвеност за продлабочување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Џудо федерацијата на Македонија, што, според нив, би била од исклучително значење за припадниците на полицијата и воопшто, за јакнење, напредок и просперитет на спортот.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи