ВИДЕО – Гир: Од 2007 до денес ЕУ има вложено 500 мил. евра во инфраструктурата во Македонија


ЕУ има направено значителни инвестиции во секторот транспорт во оваа земја. Од 2007 година имаме финансиртано 100 км. автопатна мрежа, над 64 км. патна мрежа во 40 општини и во изградба на бројни мостови и железничка инфраструктура, истакна Евроамбасадорот Дејвид Гир, при денешниот увид во градежните работи на делницата Градско-Дреново, која е дел од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, а е финансирана со пари од ЕУ.

„И сето ова е во вкупна цена од близу половина милијарда евра. И се разбира како членка на ЕУ исто така вашата земја треба да биде во можност да има пристап и во поголеми ресурси. Ако можам само да наведам некои примери во врска со ова. Пример во Послка ЕУ ја финансираше изградбата на повеќе од 1.200 км. патна мрежа, во Литванијја 300 км. на железничка мрежа, во Бугарија 400 км. на автопатна мрежа и кога ќе се запрашате што значат овие бројки кои ги наведов тие значат повеќе работни места, подобрен животен стандард, зголемена трговија и поголеми деловни можности“, рече Дејвид Гир, Евроамбасадор во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи