За уставните измени вчера Владата информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог – иницијативата за уставни амандмани дека одлуката е едногласно донесена и доставена до Собранието, рече Ковачевски.
„Собранието согласно своите процедури ќе ја организира прво работата на Уставната комисија, а потоа и на пленарна седница. Моите очекувања се дека прво ќе имаме плодна дискусија, конструктивна расправа и дека ќе има надпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. Бидејќи амбасадорот е тука, многу јасно кажува дека сега од нас зависи и одлуките кои ние ги носиме, како и на кој начин и колку брзо ќе го продолжиме и завршиме патот на европската интеграција. Сметам дека се работи за уставни измени кои не задираат во ниту едно идентитетско прашање, вие гледате вчера беа објавени и немаше ниту еден негативен коментар, ниту во медиумите, ниту било каде. Ние сме мултиетничко општество кое што е пример за Европа во мало и сметам дека нашите пратеници, 120 на број во Собранието ќе имаат и визија и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се‘ обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и идните генерации“, кажа Ковачевски.