ВИДЕО – Прилеп троши 40% повеќе вода поради горештините – нема нарушено водоснабдување, апел да се штеди водата


Поради екстремно топлото време потрошувачката на вода во Прилеп во моментов е зголемена за 40%. Ако во просек се трошеле по 200 литри вода во секунда сега се трошат 337 литри. 300 литри се од изворот Студенлица, а 37 од помалите градски извори. Проблеми во водоснабдувањето засега нема поради добрата издашност на Студенчица. Бунарите во овој момент не биле пуштени. Губитоците на вода се над 50%, поради застарената мрежа, но со новиот СКАДА систем кој се инсталирал и треба на профункционира наскоро точно ќе се знаело каде најмногу се губи водата и каде има дефекти на системот.

Овие 337 литри ние што ги набавуваме доколку се вишок ќе одат во преливот и не одат во наплата, што е нормално. Мора да ги има ЈКП, не смее да порача само колку што треба, мораме да бидеме спремни во секој момент резервоарите да бидат до максималното ниво, да немаме проблеми кои во моментот и ги немаме“, додаде Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Од прилепски „Водовод“ велат дека бараат како здружение АТКОМ продолжување на субвенционирањето на струјата поради покачените давачки за плаќање на бенефициран стаж, зголемени плати, енергенси и електрична енергија но засега немале одговор од Владата. Се надеваат дека сега Регулаторната комисија ќе донесе цени на водата со кои овие Јавни претпријатија ќе бидат рентабилни.

Пред 3 години кога се носела цената никој не можел да предвиди дека енергетската криза во 2022 година ќе биде толку голема и не ги предвидел цените за 2022, така да претрпивме многу големи финансиски штети“, додаде Гулабоски.

 Јавните претпријатија оформени од Општините исто така остануваат на барањето Владата да им дозволи да наместат фотоволтаици за производство на струја, со што ќе им се намалат давачките, затоа што според сегашникот закон ја немаат таа можност. Од нејасни причини и помалку апсурдно засега фото панели за струја според законот може да поставуваат само Јавни претпријатија оформени од Влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи