Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици. Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени установи.
Поради тоа неговото лекување мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал, во Турција. Пресадувањето чини 19.000 евра. Ве замолуваме токму вас, хумани луѓе да донирате за да го спасиме животот на нашиот Алексеј.