ВИДЕО – Македонија е поробена држава, се негира историјата, научната мисла и националната меморија-пораки од конференцијата во Крушево


Обидите за комплетно негирање на македонската научна мисла и македонската национална меморија, како и отсутност на државата од достојно одбележување на двата Илиндена само го потврдува фактот дека активно се работи на негирање на македонската историја. Ова беа дел од ставовите искажани на научната трибина во Крушево по повод 120 години од Илинденското востание, која на никаков начин не била поддржана од државата и била единствена од ваков вид за овој голем ден, а во организација на Матицата на иселеници на Македонија, а поддржана од неколку Општини.

„И сите обиди во денешно време да се негира научноста, но и македонската меморија одат во насока да се избрише македонството. Ние пак научниците сакаме да опонираме и да се спротиставиме на она што го пишува во договорот од 2017 за заедничка историја. Македонскиот народ создаваше свој историја, а бугарскиот народ своја историја. Ние секогаш ќе ја проучуваме македонската историја, а македонскиот народ секогаш ќе се сеќава на својата колективна меморија, на своите предци. Отсуството на државната заинтересираност за ваквите настани јасно говори колку бегаат од македонската содржина и одат на линија на негорање на македонската историја“, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институт за национална историја.

 

„Ние само како индивидуалци кои си ја сакаат и почитуваат сопствената држава се решивме да бидеме дрски и безобразни за да им опонираме на оние кои скааат да ја избришат македонската историја и да ги лишат нашите идни поколенија од чувството на припадност или на достоинство кое им го дава Илинден и АСНОМ-ските решенија. Македонија не е држава за поткусурување и нема да биде народ кој што ќе дозволи да му се гази достоинството“, кажа Катерина Тодороска, научен советник во Институт за национална историја.

 Претседателот пак на МАНУ истакна дека денес Македонија е повторно поробена држава и само обичен протектрорат на кој му бил потребен трет Илинден.

„Денес 30 години од прогласувањето на нејзината независнот Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, изберете кој сакате од овие термини нема да згрешите. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја, во која целосно се суспендирани и македонскиот уставен поредок и правниот систем. Нам насушно ни треба трер Илинден“, изјави Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Зборуваа и Македонци од Бугарија за репресиите кои ги трпат сите овие години, а немааат никаква помош од Македонија.

 „Ние гу судиме во Стразбур. Тие викаат ќе ги платиме сите пресуди од Стразбур ама нема да ве регистрираме. Тие се согласни да плаќаат, но не и да не регистрираат како Македонци. Бараме поткрепа од Владата на Македонија да застане зад нас“, додаде Стојан Герасимов, Македонец од Пиринска Македонија.

Се одржа и изложба насловена како Илинден во иселеничкиот печат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи