ВИДЕО – Свечено се отвори Светското првенство во змејарство во Крушево


Во Крушево се собра светската елита во змејарство. Над 130 пилоти од 21 држава се дел Светското првенство во овој спорт кое што ќе се одржува кај нас. Првенството било подготвувано уште од 2019 година, но ковидот го спречил неговото одржување. Годинава Крушево заслужено го доби тоа што што долго го учекуваше. Овие натпревари во последните години се и моторот на крушевската економија.

Ова е спорт кој не завршува со завршувањето на Светското првенство. Се работи за спорт кој луѓето го практикуваат и за слободно летање и секогаш им е во интерес да посетат места каде се одржало светско или европско првенство, каде се одржуваат големи натпревари, посебно во ситуации кога тие се успешни. Значи сме имале доста успешни денови, многу денови летачки, многу добри резултати, врвните пилоти биле тука, поранешни и актуелни светски прваци“, истакна Иван Луканов, организациски директор на натпреварот.

 

За самиот спорт е голем настан, а и за Крушево како домаќин, бидејќи со самото тоа што Крушево е домаќин на едно вакво големо првенство тоа значи за него, за градење на имиџот на градот како една многу атрактивна дестинација за овој спорт“, кажа Владимир Баракоски, претседател на Воздухопловна федерација на Македонија.

Од Општината велат дека Крушево вложува максимални напори за развој на алтернативниот туризам каде ја гледа шансата за просперитет и напредок.

 Крушево како дестинација за сите 4 сезони го промовира зголемувањето на понудата во делот на алтернативните форми за туризам, која е многу подоходовна за локалната економија. Значи искористување на сите уникатни и природни ресурси. Крушево од град кој беше непрепознатлив на мапата за адреналински туризам, денес е топ трета светска дестинација за змајарство“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Натпреварот се состои во воздушни трки кој побрзо ќе ја помине зададената дестинација.

Сите задачи се трки, значи се задава курс кој може да биде во рамките од 200 километри, кој зема некои 3-4 часови за да се комплетира. Ова се змаеви, летаат многу побрзо од параглајдерите, се поаеродинамични, поголеми можности имаат, има 2 категории. Значи целта на тие летала и на спортистите е да го покријат тој курс што ќе биде зададен за што пократко време. Класично тркање преку зададен курс“, вели Горан Димишкоски, спортски директор на натпреварот.

 Натпреварите ќе траат во наредните 2 недели.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи