Општина Кривогаштани го организира првиот ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА на 27ми август со почеток во 17 часот во општина Кривогаштани. Со цел валоризација на пиперката – капија, како една од најпрепознатливите компоненти на гастрономијата во Кривогаштани и пошироко на регионално и национално ниво, општина Кривогаштани со оваа манифестација ќе ги претстави локалните производители и агро бизниси потенцирајќи го нивното значење за социо-економскиот развој преку промовирање на нашите културни и традиционални вредности.
Што ве очекува?
- Изложба на пиперки и производи од пиперка, прoмоција на производи од локални произведувачи од агросекторот Кривогаштани Промет, Бимфуд, Везе Шари, Евора и Вори, Караорман и Оки Доки, Агро Рајчин и Ди Ем, Слоу Фуд, со изобилство и разновидност на производи
- Музичка програма – Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, нашите локални изведувачи Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.
- Детска програма од 16 часот – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци
- Локална Храна – промоција на извонредниот вкус на локалната храна од Кривогаштани