Роналдо најдобар во историјата ? Реакцијата на Марадона кажува сè

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако Роналдо ја изговори таа реченица, дека се смета себеси за најдобар во историјата на фудбалот стигнаа многу реакции, но се чекаше што точно ќе изјави Марадона. Тој не може да биде едноставен или неинтересен.

 

Легендата на Аргентина и светскиот фудбал имаше урнебесен одговор на изјавата на Кристијано Роналдо со која Португалецот сам се прогласи за најдобар фудбалер во историјата.

 

„Роналдо вели дека е најдобар во историјата? Кажете му да не се зафркава“, рече Марадона на што доби ново прашање

 

Ако Роналдо е најдобриот во историјата тогаш што си ти?

 

„Па поради тоа ти велам кажете му да не се шегува“, дополни Диего низ смеа.

 

„За мене… од тоа малку што го имам видено најдобри се Алфредо Ди Стефано, Јохан Кројф и Меси. И Кристијано може да биде тука“, рече Марадона за „Ас“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци