ВИДЕО – Иницијатива Спомен куќата на Конески да се стави конечно на туристичката мапа, со посети на странски туристи и ученици


Спомен куќата на Блаже Конески за прв пат се поставува на туристичката мапа и понуда на земјава. Освен странски туристи, планирано е тука конечно да започнат и организирани училишни екскурзии. Денеска се потпиша Декларација за развој на локалниот туризам во Општините Прилеп и Долнени која иницијатива ќе биде доставена до повеќе фактори, ЗЕЛС, неколку министерства и Владата. Од поранешната Фондација „Небрегово“ сега Културно едукативниот центар „Небрегово“ велат дека овој настан се организира во очи на големиот национален празник 8 Септември, со гласна порака да се стави до знаење колкава е големината на великанот Конески.

Затоа што Блаже Конески се вградил и како човек, а особено со неговото епохално дело во националните обележја, во нашиот културен идентитет, во нашиот национален идентитет и во нашата опстојба. Токму тоа е основната причина Спомен домот Блаже Конески да се најде на туристичката мапа на Македонија“, истакна Атанас Конески, секретар на Управниот одбор на Културно едукативниот центар „Небрегово“.

Од Заводот и музеј Прилеп истакнаа дека со оваа иницијатива се очекува дратсично зголемување на бројот на туристи во Спомен домот на Блаже Конески и негова уште поголема афирмација.

Доаѓаат групи на ученици, на студенти, од институции, македонистите најмногу, учениците дури тука имаат и свои рецитали, програми, се случуваат проекти. Ние како Завод и музед секогаш проектите со учениците намерно тука ги реализираме со цел да не се заборави и да остане засекогаш во незаборав името Блаже Конески“, додаде Лилјана Неделкоска, библиотекар во Завод и музеј Прилеп и задолжена за Спомен домот.

 

„Денеска се потпишува Декларацијата со која што официјално целата програма за Спомен куќата со цената на чинење, заедно со локланите информации во смисла на пред и по посетата на Небрегово ќе биде ставена во Програма“, изјави Мимоза Конески, туристичка агенција.

 Од оваа иницијатива бенефит би имал целиот регион затоа што во план е туристите кога ќе ја посетат Спомен Куќата на Конески, истиот ден да бидат однесени и до Куќата на Пеце Атанасовски во Долнени, да се посетата Манастирите Трескавец и Зрзе, како и другите поставки на Заводот и музеј Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи