Вечерва две лица загинаа во пожар на улица „Цане Илиески“ во Прилеп


Две лица загинаа вечерва во пожар кој што се случил на улицата „Цане Илиески“ во Прилеп. Според командирот на ТППЕ Прилеп, Христијан Момироски, пожарот бил пријавен во 21.45 минути, а тие веднаш интервенирале со 3 возила и 9 пожарникари.

„Според првичните информации едно лице е изгорено, а другото лице се загушило од чадот. Станува збор за две машки лица на возраст некаде околу 60 и 80 години. Но ова се сѐ уште првични и неофицијални информации. Официјални информации се очекуваат утре. Пожарот е веднаш изгаснат од наша страна, но за жал лицата пред да стигнеме веќе биле починати. На лице место излезена е и увидна екипа на МВР, Јавен обвинител и сите истражни органи за да се откријат причините за настанатиот пожар“, вели за Инфо Компас, Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.

 Повеќе информации за оваа трагедија се очекуваат утре.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи