Европската комисија изрази загриженост за некои од измените на Кривичниот законик

Европската комисија ја изрази својата загриженост дека некои од измените кои беа направени на Кривичниот законик носат ризик на намалување на неказнивоста, изјави денес евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што нагласи, Европската комисија повторно изрази загриженост во врска со употребата на Европското знаменце, за да  може да се запази усвојување на некој закон.

„Европската комисија потсети на важноста на владеењето на правото во самата земја што се однесува на самиот принцип на неказнивост, всушност кривичните дела поврзани со тоа треба да бидат адресирани на вистински начин“, нагласи Гир.

Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп се приклучи на ставот на Европската комисија за измените во Кривичниот законик и загриженоста од нивното „забрзано“ усвојување со што се намалуваат максималните законски казни, а ќе има и импликации врз примената на застареноста, како и влијание на голем број случаи на корупција на високо ниво.

„Амбасадата на Холандија многу сериозно ги следи последните случува во однос на измените на Кривичниот законик и целосно се согласува со изјавата што ја објави ЕУ“, вели холандскиот амбасадор Јан Коп.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро веќе изјави дека во Комисијата изразуваат жалење поради недостатокот на сеопфатни консултации на домашните чинители со Брисел пред нивното усвојување, како и за употребата на европско знаменце која според ЕУ, треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со европското законодавство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи