Мрежата на ЛАГови во соработка со OOУ Даме Груев од Градско спроведува едукативна програма за управување со отпад


Сојузот на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГОВИ во соработка со OOУ „Даме Груев“ Градско го спроведуваат проектот ЕКО ПРИЈАТЕЛИ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот е насочен кон едукација и подигнување на свеста кај младите од општина Градско за важноста од правилниот третман на отпадот со цел се зајакнат знаењата и вештините кај младите за правилен третман на отпадот, и да се охрабрат да бидат активни учесници во заштитата на животната средина и промотори на еко-активизмот.

Националните политики како приоритет го идентификуваат управувањето со отпадот, и се насочени кон подобрување на системот за управување со отпадот. Должност не само на државните органи, туку на секој граѓанин на државата е да даде придонес во управувањето со отпадот на начин кој ќе нема негативно влијание на животната средина, и не само што ќе придонесе за подобра животна средина, туку ќе придонесе и за заштита на здравјето на луѓето и ќе обезбеди имплементација на принципите на циркуларната економија во земјата.

Младите денес се поставени пред предизвикот да задоволат бројни барања кои им се наметнати како резултат на брзиот развој на модерното општество, а воедно и да се предводници на еко-активизмот со свој придонес за заштита на животната средина и градење на одржливо општество.

Во рамките на проектните активности се подготви и спроведе едукативна програма за управување со отпад, а беше поставена и конструкција „срце” за собирање на пластични капачиња.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи