Општина Прилеп: Инвестиравме над 50 милиони денари во образованието, градиме квалитетен образовен систем!


Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образовен систем во првите две години од нашиот мандат како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп, велат од Општина Прилеп.

„Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на училиштата, во рамките на овие инвестиции направени се реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, канцелариите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори и извршени се адаптации на неискористени простории. Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата  за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца. Децата и нивното образование остануваат наш приоритет“, се вели во соопштението на Општина Прилеп.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи