ВИДЕО – Најголема е политичката дискриминација во работните односи


Политичката дискриминација при работните односи е најбројна и преовладува во над 400-те претставки кои во последниве 2,5 години пристигнале на адреса на Комисијата за заштита од дискриминација и за кои биле оформени предмети. Граѓаните се повеќе се охрабруваат да ги пријват овие аномалии во нашето општество. Така што од Нова година до денес имало пристигнато пријави колку за цела година лани.

За волја на вистината голем дел од препораките се спроведуваат. Доколку не се спроведува препорака, Законот е дециден и јасен и ние во законски рок поднесуваме и прекршочни пријави. Имаме досега поднесно неколку и судот ги произнесе во интерес на мислењето кое го донела Комисијата. Граѓаните кои постојано сфаќаат дека Комисијата е нивни заштитник се обраќаат за сите повреди“, рече Лимко Вејзароски, Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Кога станува збор за дискриминацијата Македонија има одлична легислатива, но за жал таа во пракса не се спроведува како што е напишана на хартија. За ваквото бавно спроведување на Законот реагираат и од невладината организација „Станица П.Е.Т. од Прилеп која пет години им дава бесплатна правна помош на граѓаните, по разни основи.

Значи има противдискриминаторски објави во учебници за кои имаме позитивни пресуди и утврдена дискриминација, каде тие учебници се отстранети, односно се повлечени. Исто така имаме и судска постапка која што веќе е во втора фаза на жалбена постапка во Апелација, за пристап до добра и услуги на лица на кои им беше ограничен пристапот до кафе бар во Прилеп. Тешко оди во судските лавиринти, морам да признаам дека и ние како Станица П.Е.Т. активно не се откажуваме од оваа судска постапка, меѓутоа како нов Закон кој даде повеќе можности, потешко оди неговата имплементација во судските лавиринти. Но нема да се откажеме од таа борба“, истакна Христина Здравеска, невладино здружение “Станица П.Е.Т.“- Прилеп.

 Ова беше прва од предвидените средби на Комисија за спречување и заштита од дискриминација која што се одржа во Прилеп, а вакви средби ќе има и во другите Општини. Следната ваква трибина ќе се одржи во Општина Шуто Оризари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи