ВИДЕО – Јакимоска: Спортот не зближува сите, апел до надлежните да го решат проблемот со немањето на спортска сала во Прилеп


Пред сѐ и јас би го почнала своето излагање со сочувство до семејствата на трагично починатите од овој немил настан. Она што сакам да и упатам поготово на мајката е дека не постојат зборови кои би можеле да бидат утеха за вас во овој момент, но она што можеби малку би било ронка на прилив на надеж во овој момент и за надминување и за живеење на секој нов ден е фактот дека цела Македонија е со вас. Како никогаш досега не сме се зближиле и здружиле олку и нашите срца куцаат со вас, ако ви е ова малку утеха верувам ќе ви помогне да ги надмините овие тешки моменти. Секако не ми е пријатно да се произнесувам на оваа тема, но како што знаете, сонцето и денеска угреа, нов ден, ново утро и животот продолжува. Ова денеска го изјави Ирена Јакимоска, сопственик на Комфи Ангел, кој е генерален спонзор на турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2023“, а воедно и домаќин на градската слава за оваа година Свети Никола.

„Она што на мое големо задоволство можам да кажам во контекст на овој немил настан е дека спортот го соедини Прилеп. Оваа иницијатива која произлегуваше од мојот покоен татко Велимир Јакимоски пред многу години за организирање на хуманитарен светиниколски турнир во мал фудбал, ги зближи сите прилепчани. Имено, оваа иницијатива е поддржана од сите градоначалници на нашата општина и со тоа укажува дека само спортот е оној кој може да ги здружи луѓето заедно и сите заедно исто да мислиме и да чувствуваме. Од тие причини, големо ми е задоволството што повторно можеме да го организираме и оваа година, благодарност до Општината за поддршката што ни ја даваат како генерален застапник на истиот турнир, а исто и секако поддршка до невладината организација предводена од Александар, која претходниве години турнирот го организира на завидно ниво.

Она што сакам е да упатам апел до надлежните тела кои раководат со јавните претпријатија, како универзалната сала е да се најде привремено решение за Прилеп и за спортскиот живот на прилепчани. Не знам дали знаете, но ние во Прилеп не сме во можност да тренираме во професионалните сали кои ги имаме, и двете се во вон функција и од тие причини, самиот факт што укажува дека спортот нѐ зближува, не препознава кој од која идеологија идиме, треба стварно да се фокусираме на проблемот и да го решиме делот со немање спортска сала за општина Прилеп.

Уште еднаш благодарам за поддршката, огромна благодарност до медиумите за континуирана поддршка на овој настан и ги повикувам прилепчани на се поголема масовност на спортските настани и да уживаме во убавините на она што ќе ни го понудат професионалците и секако посакувам да победат најдобрите“, додаде Јакимоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи