За 150 отсто зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија

Facebook
Twitter
Email
Print

Раст од скоро 150 % на инсталираниот капацитет во обновливи извори за единаесет месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150 % повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW, соопшти РКЕ.

„За безмалку две години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи извори што пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија“, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува близу 169 илјади домаќинства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи