Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар и ќе изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и изнесува 72,50 ден/лит., додека Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,348 ден/кг. и изнесува 40,920 ден/кг.
173