Промовирана веб-страницата за исчезнати деца „Најди ме“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Македонија од денес е дел од меѓународниот систем за рано предупредување на исчезнати деца, Амбер алерт, кој во земјава ќе биде познат како „Најди ме“.

Иницијативата е на невладината организација „Новинари за човекови права“, која скоро три години работи на негова имплементација и јакнење на капацитетите на сите чинители кои се грижат на заштита и правата на децата.

Системот стартува со интернет-страницата www.najdime.org.mk, која ќе биде достапна на македонски, албански и ромски јазик, а на неа ќе може да се алармира за исчезнати деца со цел намалување на ризикот од исчезнување и забрзување на процесот на наоѓање на исчезнатите лица.

Децата ќе бидат приоритет заради ранливоста, но системот ќе биде достапен и за сите случаи на исчезнати лица во кои може да биде од помош.

„Праксата е аларми за широко алармирање на јавноста за исчезнати лица да се покренуваат само во случај кога имаме киднапирање, односно висок ризик по животот на исчезнатото лице. Тоа ќе оди во соработка со МВР. Секогаш кога ќе се одлучи дека треба широк аларм, тогаш и ние ќе го покренеме системот. Она што ние очекуваме граѓаните да го пријават исчезнатото лице во МВР“, велат од организацијата.

Неговата потреба се актуелизира уште повеќе по случајот со исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која беше пронајдена убиена.

Инаку Амбер алерт системот, за прв пат почнал да функциоира во САД, во 1996 година. Македонскиот Амбер алерт е правен по теркот на австрискиот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира