Средното Општинско Училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ комплетно е подготвено за Новогодишниот хуманитарен базар насловен како „Подари насмевки“ кој ќе се одржи на 25 декември со почеток во 15 часот во кругот на училиштето.
На хуманитарниот базар ќе се продаваат рачни изработки на учените по цена од 100 денари, а парите ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за дечињата кои го посетуваат Центарот за церебрална парализа од нашиот град, а дел ќе бидат наменети и за лекување на 12 годишниот Ангел Христовски кој боледува од ретка вродена мускулна дистрофија. Лекувањето за стопирање на болеста во Кина чини 23.000 долари, пари кои семејството не е во можност да ги обезбеди во овој момент.
Поканети се сите граѓани, да бидеме хумани, да го посетиме овој базар и да донираме за оние на кои помошта им е најпотребна.
266