Во градската библиотека „Борка Талески“ беа доделени наградите и признанијата на учениците и менторите, учесници на Традиционалниот конкурс „Свети Никола 2023“. Овој конкурс го распишува и организира Клубот на литературни творци Прилеп со една единствена цел, а тоа е поттикнување и развој на книжевниот творечки потенцијал на младите, промоција на нивната дарба за пишување и творење и негување на Македонскиот литературен јазик и литературата воопшто.
Конкурсот се распишува за две категории на литературно творештво, поезија и проза. Во продолжение е изборот на двете комисии за најдобри лични творби!
КАТЕГОРИЈА ПОЕЗИЈА
– Прво место: Ана Марија Димитриоска наслов: Купидон СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Ментор: Андриана Челебитова
– Второ место: Лаура Кајџаноска наслов: Изгубени мугри СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Ментор: Филип Ристески
– Трето место: Христина Талеска наслов: Божиќна желба-правда СОУ „Ѓорче Петров“ ментор: Лидија Ристеска
– Комисија: Сузана Рулеска Марија Симоноска Филип Димкоски
КАТЕГОРИЈА ПРОЗА
– Прво место Исидора Николоска Наслов ,,Монолог” 2-1 клас – СОУ ,,Ѓорче Петров” Ментор Билјана Тинтоска
– Второ место Андреј Вршкоски Наслов: ,,Писмото од Треблинка” 1-7 клас – СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев” Ментор: Филип Ристески
– Трето место – Јована Шаркоска Наслов ,,Живот” 2-1кл. СОУ„Ѓорче Петров” Прилеп Ментор: Билјана Тинтоска
– Комисија: Лина Димоска Снежана Паноска Насевска Тамара
„Од името на Клубот на литературни творци Прилеп и од мое лично име, честитки за наградените! Нијанси одлучија за изборот, со оглед на тоа што според мислењето на комисиите, поголемиот број на испратени поетски и прозни текстови беа со респективен книжевен квалитет. Затоа, ја користам можноста да им порачам на сите млади творци : – Читајте многу, пишувајте, творете, надоградувајте ја својата дарба и оставете трајни вредности зад себе преку издадените книги! Голема благодарност до сите присутни ученици и ментори кои го збогатија овој свечен чин со своето присуство! Се гледаме наредната година во уште поголем број“, истакна претседателката на клубот на литературни творци на Прилеп Андриана Ристеска.