Израелски воени авиони изведоа воздушни напади врз воени позиции на екстремистичкото движење Хамас во северниот дел на Газа, како одговор на ракетен напад од појасот врз јужен Израел.
„Израелските одбранбени сили сметаат дека терористичката организација Хамас е одговорна за овој непријателски чин, преземен од Газа“, се вели во соопштението.
Портпаролот на армијата прецизира дека ракетата не достигнала на израелска територија, но како одговор војската уништила камп за обука на Хамас.
Медицински извори во Газа изјавиле дека ракетите ги погодиле своите цели и предизвикале сериозни штети, но додале дека нема загинати луѓе.
Израелските одбранбени сили сметаат дека терористичката организација Хамас е одговорна за овој непријателски чин.