Прилепчанката Јана Мрческа денеска во Спомен домот Тодор Проески го промовираше cover remix-от со 5 песни на Тоше и видео спот за истиот по повод 43 роденден на нашата најголема музичка ѕвезда. Песните се на сите јазици на кои Тоше имаше композиции, македонски, српски, италијански и англиски.
„Сплетот започнува со песната „Моите бакнежи на твоите бели кошули“, затоа што тоа е песната со која Тоше се проби, а завршува со „The hardest thing“, песната од неговиот последен албум. Јас сум родена после него, но како што се вика каверот „Вечна ѕвезда“, така и мене Тоше ми е ѕвезда водилка низ мојот пат во музиката и ми се секојдневна инспирација не само за тоа колку е тој добар пејач, туку и за тоа колку е тој добар човек. Тој многу помагал, бил и амбасадор на УНИЦЕФ и јас искрено секој ден сѐ повеќе и повеќе му се восхитувам на тоа колку добар човек тој бил“, вели Јана Мрческа, пејачка.