ВИДЕО – Во училиштата и градинките во Прилеп ќе се засадат над 60 садници како дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“


Како завршна активност на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, во училиштата во Прилеп, со кои организацијата Slow Food Macedonia има соработка, се засадија 60-тина садници. Дел од засадените дрвја се и плодоносни за да може учениците од нив покрај другите благодети да ги користат и конзумираат самите плодови.

„Садниците кои одлучивме да бидат засадени во поголемиот дел од училиштата се костени и тоа не диви, туку кои костени кои во иднина би имале плод и би можеле да се јадат. Целта е овие дрцја да даваат сенка, но и да овозможат плод и да бидат и на тој начин корисни, иако нема дрво кое не е корисно. Одлучивме на овој начин да им покажеме на учениците, но и на сите други како може природата да ја донесем до нив, затоа што ние сме нераскинлив дел од неа. Исто така да им покажеме дека доколку сакаме подобра и поубава планета секогаш треба да се научиме локално. Најпрво од своите дворови, од училишните дворови,  а потоа да размислуваме и пошироко, за градот, за Татковината и нашата планета“, истакна Тодорка Наумоска, регионален координатор на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени.

Во секое училиште се садеа различни видови на дрвја, во зависност од самиот терен, големината на дворот и претходвните дрвја кои се засадени таму. Садниците ги садеа самите ученици.

 „Ние заедно до учениците од училишната ученичка заедница, заедно со Slow Food Macedonia денеска помогнавме за засадувањето на костените кои што ни ги дадоа за прочистување на природата во нашето училиште“, изјави Андреа Гагалеска, претседател на училишната ученичка заедница.

 

„Ние како дел од Младинската заедница се трудиме да ја подигнеме свеста на младите, организираме еко акции, пошумувања и обуки. Досега сме учествувале на еко акции околу селото Ореовец, околу манастирот сега се обидуваме да направиме некои обуки надвор од нашето училиште, во други училишта“, додаде Емилијано Стојаноски, член на „Еко патрола“ при СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

Освен во училиштата вакви садници ќе бидат засадени и во дворовите на градинките во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи