Во Германија во моментов недостигаат над 1 милион квалификувани работници

Facebook
Twitter
Email
Print

Се проценува дека во Германија во моментов недостигаат 1,1 милион квалификувани работници, што е најмногу од кога било.

 

Германското стопанство зема нов залет, а недостигот на млади квалификувани луѓе претставува огромен проблем на пазарот на труд. Затоа германските компании панично бараат работници низ целиот свет.

 

Германските работодавци во третиот квартал од годинава се соочија со најголем недостиг на адекватна работна сила досега.

 

Државниот завод за статистика направи попис од 110 различни професии во кои најмногу се почувствува недостигот на работна сила.

 

Најбарани се медицински сестри и водоинсталатери, како и инженери, ИТ специјалисти и трговци.

 

Германскиот здравствен систем најмногу бара медицински сестри, лекари, терапевти и фармацевти.

 

Водоинсталатери, монтажери на климатски уреди, санитарни работници, молери, фасадери и работници за местење покриви исто така се „барана роба“.

Во туристичкиот сектор побарувачката е исто така голема, таму се бараат работници од сите струки за работа во ресторани и хотели.

 

Исто така се нагласува дека е потребно основно познавање на германски јазик бидејќи во спротивно многу тешко се наоѓа работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи