Пред малку на улицата „Александар Македонски“ се случи сообраќајна несреќа на излезот кон Скопје, кај т.н. Егејски згради. Во моментов нема точни информации од надлежните органи како дошло до несреќата. Според првичните и неофицијални информации нема жртви, ниту потешко повредени лица. Се прави увид на лице место, повеќе информации се очекуваат подоцна.